Комората на овластени архитекти и овластени инженери, традиционално, од 2013 година доделува четири именувани награди на заслужни инженери.
Наградите се именувани:
- ПРОФ. Борис Чипан - АРХИТЕКТУРА
- ПРОФ. д-р Александар – Цане Ангелов - ГРАДЕЖНИШТВО
- ПРОФ. д-р Илија Черепналковски - МАШИНСТВО
- ПРОФ. д-р Станимир Јовановски - ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
Критериумите за номинација за наградите во 2022 година се следни:
Номинираното лице треба:
- да е докажан инженер, почитуван во стручната фела,
- да е активен член на Комората во моментот на номинација,
- да е струково активен во својата дејност во годината во која е кандидиран за наградата,
- да достави највеќе три најзначајни инженерски достигнувања во изминатите пет години.
При номинацијата да се достави:
- Kратка биографија,
- Краток опис и графички додаток, на највеќе три референци за најзначајни реализирани објекти во последните пет години,
- Кандидатот може да наведе и други достигнувања релевантни за развојот и афирмација на инженерството, вклучително и други добиени домашни и меѓународни награди и признанија.
Номинацијата не може да биде самостојна – односно, кандидатот за именувана награда треба да биде номиниран од друго лице.
Номинацијата се врши преку електронска пошта – Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или директно преку архивата на Комората, најдоцна до 28 ноември 2022 година, а согласно доставената електронска пошта до активните членови од соодветните професионални одделенија.