Министерството за транспорт и врски во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери Ве известува дека во четврток на 22.12.2022 година ќе се одржи Првата Испитна сесија за стручен испит од областа на урбанистичкото планирање за стекнување на Овластување за изработување на урбанистички планови (Соопштението на веб страната на Министерството за транспорт и врски).
Кандидатот кој ги исполнува условите согласно законските и подзаконските акти од областа на урбанистичкото планирање поднесува барање со пропратна документација согласно Правилникот во електронска форма до Комората на овластени архитекти и овластени инженери на електронската адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Согласно член 14 став 1 од Правилникот за начинот за спроведување на стручниот испит, надоместот од апликантите за испитот изнесува 35% од просечната нето плата. Последно соопштение од Државниот завод за статистика е за просечната нето плата за месец септември 2022, и изнесува 32.553 денари, што упатува дека стручниот испит чини 11.394 денари (35% од 32.553 ден). Уплатата се врши на следната сметка на Комората:
- Жиро сметка: 250 001 002 332 248
- Банка: Шпаркасе Банка
- Примач: Комора на овластени архитекти и овластени инженери
- Цел на дознака: за Стручен испит урбанистичко планирање
Подолу можете да ги преземете материјалите за стручниот испит:
- Правилник за начинот за спроведување на стручниот испит од областа на урбанистичкото планирање, програмата за полагање на испитот, висината на надоместокот за трошоците за испитот, како и надоместоците за членовите на испитната комисија, за програмата и испитните прашања и други аспекти на организацијата, содржината и формата на обрасците за испитот и на уверението за положен стручен испит (Сл.Весник на РСМ бр.212/2022);
- Упатство за работа на комисијата за полагање на стручен испит од областа на урбанистичко планирање;
- Прашања за стручниот испит од областа на урбанистичкото планирање;
- Програма за полагање на стручниот испит и тоа општ дел со прописи од области релевантни за урбанистичкото планирање (одредбите од прописите обележани со црвена боја се предмет на програмата за стручниот испит) и посебен дел со прописи од областа на урбанистичкото планирање;
- Општ дел
1. Устав РСМ
2. Закон за локална самоуправа - пречистен
3. Закон за градот Скопје - пречистен
4. Закон за сопственост и други стварни права - пречистен
5. Закон за животна средина - пречистен
6. Закон за заштита на културното наследство - пречистен
7. Закон за јавни патишта - пречистен
8. Закон за земјоделско земјиште - пречистен
9. Закон за водите - пречистен
10. Закон за шумите - пречистен
11. Закон за градежно земјиште - пречистен
12. Закон за експропријација - пречистен - Посебен дел
1. Закон за спроведување на ППлан на РМ
2. Закон за урбанистичко планирање
3. Закон за градење - пречистен
4. Правилник за урбанистичко планирање - пречистен
5. Правилник за стандарди и нормативи за проектирање
- Општ дел