На 30 март 2023 година, се одржа Autodesk предавање - второ од низата активности на Smart Solutions - авторизиран партнер на Autodesk во Македонија заедно со Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а со цел запознавање на членовите со БИМ алатките и методите на работа во БИМ.
На настанот со поздравен говор се обрати Дејан Метикош, потпретседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Владимир Крстиќ од Smart Solutions ги поздрави присутните во салата и поврзаните он-лајн и накусо ги претстави темите и предавачите.
Првата презентација беше насловена „Први чекори во Revit“ и ја спроведе Ведран Орешиќ, Никола Стрезовски продолжи со презентација на темата „БИМ: Како со помалку работа, да направите повеќе“, а на крајот Трајче Стојанов ги претстави можностите за користење Revit LT преку презентацијата насловена „Revit LT - БИМ за сечиј џеб“.
По завршувањето на секоја од презентациите, присутни поставуваа прашања и се развиваш плодна дискусија.
Предавањето беше одржано хибридно и беше наменето за сите професии заинтересирани за БИМ процесот, со посебен акцент на архитектите.
- Предавачи:
Ведран Орешиќ | БИМ Консултант, TD Synnex
Архитект со десетгодишно практично БИМ искуство во многу БИМ проекти од различна големина и сложеност и имплементација на БИМ процесите во многу архитектонски канцеларии. Како БИМ консултант, тој учествува во организацијата и имплементацијата на БИМ проектите и им помага на различни учесници сами да ги совладаат потребните БИМ вештини.
Никола Стрезовски | Архитект, Масон Инженеринг
Никола Стрезовски е архитект кој е целосно посветен на проектирањето, но долг период е и во образованието како предавач и демонстратор на АФС УКИМ и ФОН на повеќе проектантски предмети, но и на предмети од областа на CAD/3D/Rendering.
Професионално е ангажиран во Масон Инженеринг, градежна компанија од Скопје, која активно воведува новитети во градежништвото. Автор е и на голем број на архитектонски проекти од сите области, како и голем број на изведени објекти. Зема учество на архитектонски конкурси, на кои има добиено 9 први места.
Трајче Стојанов | БИМ Инструктор, Семос Едукација
Архитект, БИМ консултант и БИМ инструктор во Семос Едукација.
Едукација со повеќегодишно искуство на проекти во земјава и странство. Последниве 2-3 години, тој е инволвиран во комерцијални и истражувачки проекти на полето на БИМ мандатирање и воведување на дигитални градежни дозволи базирани на БИМ.
Фотогалерија од настанот