На 31 март 2023 година, се одржа вториот дел од предавањето на тема „Основни начела на монтирање и контрола на системите за сува градба“. Ова е трето од серијата предавања кои ќе одржат во наредниот период како резултат на продлабочената соработка на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и компанијата КНАУФ.
На предавањето беа разработени следните теми:
- Основни системи на ѕидни облоги (статика, естетика, градежна физика)
- Систем за суво малтерисување (лепење на плочи)
- Облоги на поткровје
- Изолациски материјали во системите и правила на контрола на пародифузијата
- Подни системи
- Нормативи на пресметка и наплата на елементи во сувата градба
- Атестна документцаија за потврда на квалитетот на изведените системи
Стручното предавање е организирано во соработка со компанијата КНАУФ. Учесниците кои присуствуваа беа архитекти и инженери со овластување за надзор.
Фотографии од настанот