На 23 март 2023 година, во просториите на Европската Куќа во Скопје, во организација на Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. се оддржа форумот „ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ – ЗАВРШУВАЊЕ НА ИСТОРИСКИ ПРОЦЕС ИЛИ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА БЕСКРАЈНАТА ПРИКАЗНА“.
Форумот се оддржа во рамките на проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). На форумот присуствуваа претставници на Асоцијацијата на архитекти, Kомората на овластени архитекти и овластени инженери, Архитектонски факултет при УКИМ, Факултет за архитектура и дизајн при УАКС, претставник на МАРХ, граѓански организации и активисти, како и граѓани од Општина Кисела Вода.
На дискусијата свои обраќања во име на организаторите имаа: Драгана Велковска, извршна директорка на Здружение за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н.; Ана Петровска, просторна планерка и Милка Докузова, Хумани градови.
Во своето обраќање како претставник на Комората ОАИ, Михаел Димитровски, раководителот на Одделението на урбанисти и планери, истакна дека Комората во 2021 година изработи слична анкета, анализа и презентира можни решенија во контекст на овој Форум, со доставени конструктивни предлози за надминување на предизвиците со бесправната градба до МТВ.