Во склоп на активностите на Smart Solutions - авторизиран партнер на Autodesk во Македонија заедно со Комората на овластени архитекти и овластени инженери, на 25 април 2023 година, се одржа трето од низата БИМ активности оваа година. Темата на овој собир беше „Миграција од AutoCAD во REVIT во две недели“.
Предавањето го одржа БИМ експерт Никола Стрезовски од МАСОН Инженеринг. Настанот беше хибриден и присутни беа седумдесетина инженери заинтересирани за темата. По завршувањето на излагањето се разви дискусија и присутните добија одговори на поставените прашања.
На крајот, пред присутните се обрати м-р Кристинка Радевски, претседател на Комората ОАИ, ги поздрави и ја истакна важноста на примената на БИМ во проектирањето и изградба на објекти. Таа нагласи дека токму заради важноста на БИМ и дигиталните трансформации во градежништвото, Комората ја отпочна оваа заедничка иницијатива со Smart Solutions - авторизиран партнер на Autodesk во Македонија и ќе продолжи серијалот на предавања од овој тип.
- куса биографија на предавачот:
Никола Стрезовски | Архитект, Масон Инженеринг
Никола Стрезовски е архитект кој е целосно посветен на проектирањето, но долг период е и во образованието како предавач и демонстратор на АФС УКИМ и ФОН на повеќе проектантски предмети, но и на предмети од областа на CAD/3D/Rendering.
Професионално е ангажиран во Масон Инженеринг, градежна компанија од Скопје, која активно воведува новитети во градежништвото. Автор е и на голем број на архитектонски проекти од сите области, како и голем број на изведени објекти. Зема учество на архитектонски конкурси, на кои има добиено 9 први места.
Фотографии од настанот