Со имплементација на проектот „Со дигитализација до ефикасна администрација”, општина Кисела Вода е една од ретките општини во Македонија и на Балканот која за граѓаните обезбеди услуги по електронски пат. Ако досега, за вадење на извод од урбанистички план, граѓаните чекаа по неколку месеци, сега, со новата електронска платформа, документот ќе го имаат на својата е-маил адреса за 72 часа, без да мора воопшто да доаѓаат до општината.
Со ова се зголемува достапноста на услугите, се штеди време и финасиски средства и сосема се намалува можноста за корупција.
Преку пренесувањето на административните процеси во електронска форма, се подобрува ефикасноста и брзината на работа на општината. Електронските бази на податоци на кои се работеше во изминатиот период, ќе помогнат во полесно проследување на документите, како и во поефикасна комуникација помеѓу администрацијата и граѓаните. Втората фаза од овој голем проект чија имплементација започнува многу скоро опфаќа нови дигитални услуги кои дополнително ќе го подобрат квалитетот на услугите и сосема ќе ја намалат можноста за корупција бидејќи во административиот процес сосема ќе го исклучат човечкиот фактор.