Во соработка со Влатко Михајлов, дипл.град.инж., Одделението на градежни инженери при КОАИ ја продолжува активноста „Од членовите за членството“ и организира втор дел од обуката на тема „Практични искуства при примена на FIDIC услови на договори на градежни проекти“.
Продолжението, составено од четири сесии ќе се одржи со користење на платформата ZOOM во месеците мај и јуни, согласно следната динамика:
- Прва сесија - 10 мај 2023 година,
- Втора сесија 17 мај 2023 година,
- Трета сесија 07 јуни 2023 година и
- Четврта сесија 14 јуни 2023 година.
Термините за предавањата ќе бидат од 17 до 19 часот.
Членовите на КОАИ, заинтересирани за следење на обуката, треба да се пријават на следниот ЛИНК (https://bit.ly/prijavaFIDICobuka) најдоцна до 09 мај 2023 година.
Предавачот Влатко Михајлов го задржува правото да ја прилагоди програмата соодветно на утврденото ниво на знаење на кандидатите.