На 5 мај 2023 година, во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), во соработка со Министерството за транспорт и врски (МТВ) и Заедницата на единици на локални самоуправи (ЗЕЛС) се одржа првата Работилница за Договорни органи за задолжителна примена на Тарифникот за вредноста на работите од урбанистичко планирање од страна на Договорните органи при објавување и евалуација на Огласи за јавни набавки, како дел од серијалот на планирани работилници.
Работилницата беше наменета за претставници од секторите / одделенијата за урбанистичко планирање на единиците за локална самоуправа.
На почетокот со поздравен говор се обрати м-р Кристинка Радевски, претседател на Комората ОАИ, а во продолжение според агендата, свои излагања имаа: Михаел Димитровски, диа, раководител на Одделение на урбанисти и планери; Ана Ѓорѓиоска, Министерство за транспорт и врски, Советник за урбанизам и градежни работи; Д-р Душица Трпчевска Анѓелковиќ, диа, член на Одделение на урбанисти и планери при КОАИ, Раководител на сектор за просторно планирање при Агенцијата за планирање на просторот; Дурим Фетаху, диа, член на Одделение на урбанисти и планери при КОАИ, Раководител на сектор за урбанизам при Општина Дебар; Д-р Жаклина Ангеловска, диа, член на Одделение на урбанисти и планери при КОАИ, изработувач на Тарифникот и Калкулаторот и Илина Лалкова, диа, Министерство за транспорт и врски, помошник раководител на Сектор за уредување на просторот.
На Работилницата присуствуваа осумдесетина претставници од голем број општини, Агенцијата за планирање на просторот, Јавните претпијатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и од Бирото за јавни набавки. Присутните имаа можност да се стекнат со детално познавање за примена на Тарифникот од аспект на распишување и евалуација на Огласи за јавни набавки, како и склучување на Договори со Економските оператори.
Присутните разменија искуства во досегашната примена на Тарифникот, а од дискусиите и практичната работа се здобија со информации кои ќе послужат за изработка на Прирачник за примена на ценовникот, и/или негово дополнување, како и за преземање на идни чекори во насока на усогласување и подобрување на законската регулатива.
Прирачникот би бил изработен и електронски дистрибуиран од Комората, во текот на 2023/2024 година.
На 6 мај 2023 година, се продолжува со втората работилница наменета за Економски оператори – Планери.
Фотографии од настанот