На 22 мај 2023 година, во просториите на Комората се одржа стручно предавање во рамките на активноста „Геотехнички денови во Комората“ насловено „Повеќе аспекти за јакоста на смолкнување кај карпите“.
Настанот со поздравен говор го отвори потпретседателот на Комроата, Дејан Метикош. Раководителот на одделението проф. д-р Јосиф Јосифовски се обрати пред присутните, ја образложи активноста „Геотехнички денови во Комората“ и го претстави гостинот предавач д-р Ник Бартон (http://www.nickbarton.com/).
Предавачот, Д-р Ник Бартон е интернационален консултант во Rock Engineering. Toj има 50-годишно искуство и стотици спроведени проекти за карпеста механика и инженеринг на карпи во вкупно 41 земја. Повеќето се однесуваат на хидроенергетски тунели и пештери, метро тунели и пештери на станици, тунели на автопати, стабилност на падините на карпите и карактеризација на потпората на голема брана. Истражувачки проекти за отстранување на нуклеарниот отпад се изведени во САД, Обединетото Кралство и во Шведска. Докторирал. Работел 25 години во Норвешкиот геотехнички институт, дел од времето како директор на одделот, а подоцна и како технички советник. Од 1980 до 1984 година, помеѓу два подолги периоди во NGI, тој работел во одделот за геомеханика на TerraTek, подоцна Шлумбергер, во Солт Лејк Сити.
Тој е автор/коавтор на 350 трудови во технички списанија и зборници од конференции, и автор на книга за TBM Tunneling in Jointed and Faulted Rock во 2000 година и на учебник за квалитет на карпите, сеизмичка брзина, слабеење и анизотропија во 2006 година. Во моментов пишува учебник по инженерство на карпи со проф. Ставрос Бандис. Акцентот на неговото истражување е поставен на однесувањето на карпите, бидејќи карпестите маси се претежно дисконтинуирани.
Тој го има развиено добро познатиот Q-систем за карактеризација на карпестата маса во 1974 година и критериум за нелинеарна јакост на смолкнување за споеви на карпи во 1973/1982 година, сега познат како критериум Бартон-Бандис. Емпириски методи поврзани со Q се: методот на прогноза QTBM од 1999 година, методот QSLOPE (за безбедни агли на наклон) од 2015 година и методот QH2O (за проценка на пропустливост со длабочина) од 2007 година.
Тој ја добил 6-тата награда на ИСРМ Милер, која се доделува само еднаш на секои четири години за истакнати придонеси во механика на карпи и инженерство на карпи. Има награда Honoris Causa (почесен докторат) од Универзитетот во Кордоба, Аргентина (2004), и е соработник на ИСРМ од 2015 година. Има добиено тринаесет меѓународни награди помеѓу 1975 и 2021 година.
На настанот присуствуваа педесетина инженери кои со голем интерес го проследија предавањето, поставуваа прашања и имаа можност за дискусија. По завршување на предавањето присутните добија сертификати со по 2 КПУ бодови.
Фотографии од предавањето