Информатор за активности на Комората

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Соопштение за полагање за стручен испит од областа на урбанистичкото планирање во јунска испитна сесија

Pin It

Комора ОАИМинистерството за транспорт и врски во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери ве известува дека во сабота на 24.06.2023 година ќе се одржи стручен испит од областа на урбанистичкото планирање јунска испитна сесија  за стекнување на овластување за изработување на урбанистички планови.

Испитните сесии  за полагање на стручен испит од областа на урбанистичкото планирање  ќе се одржаат по правило  во последната недела  од месеците февруари, јуни и октомври. (Соопштението на веб страната на Министерството за транспорт и врски).

Кандидатот кој ги исполнува условите согласно законските и подзаконските акти од областа на урбанистичкото планирање поднесува Барање за полагање стручен испит од областа на урбанистичко планирање најдоцна до петок 09.06.2023 година,

Согласно Правилникот за начинот за спроведување на стручниот испит (Сл.Весник на РСМ БР.219/22 и Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит во електронска форма до Комората на овластени архитекти и овластени инженери на електронската адреса:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..  Треба да се приложат следните документи:

  1. Барање – формулар, прилог 1 од Правилникот
  1. Диплома за завршено високо образование дипломиран инженер архитект или магистер инженер архитект, кој завршил VIIА степен на високо образование, односно II циклус на студии- Магистерски академски студии со кои се стекнал со 300 кредити според Европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС), согласно член 67 став (1) од Законот за урбанистичко планирање.
  1. Доказ дека го исполнува условот за работно искуство од најмалку 12 месеци по стекнување на условот за високот образование, а до денот на полагање на стручниот испит од областа на урбанистичкото планирање од член 67 од Законот за урбанистичко планирање и членовите 3 и 5 од Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит.

Како доказ за работното искуство се смета:

  • изјава од правното лице каде кандидатот го стекнал професионалното искуство која содржи податоци за времето потрошено на соодветни работи од областа на урбанистичкото планирање и уредување на просторот, како и податоци и докази за работниот однос, договори за дело или други договори со правни лица, владини или невладини организации или истражувачки односно научно-истражувачки правни лица, како и доказ од ПИОМ со М4 образец за работен стаж.
  1. Доказ за соодветни професионални резултати во областа на урбанистичкото планирање од член 67 ставовите (2), (3) и (4) од Законот за урбанистичко планирање, стручен труд во кој учествувал и на кој кандидатот е потпишан во својство на соработник, учесник и изработувач, и согласно чл.6 најмалку еден труд од чл.12 од Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит;
  1. Доказ за идентификација на кандидатот (копија од лична карта).
  1. Доказа за извршена уплата за надомест за трошоците за стручниот испит

Согласно член 14 став 1 од Правилникот за начинот за спроведување на стручниот испит, надоместот од апликантите за испитот изнесува 35% од просечната нето плата. Последно соопштение од Државниот завод за статистика е за просечната нето плата за месец мај 2023 година изнесува 34 925 денари што упатува дека стручниот испит чини 12 224 денари. (35% од 34925 ден).

Уплатата од 12 224 денари  се врши на следната сметка на Комората:

  • Жиро сметка: 250 001 002 332 248
  • Банка: Шпаркасе Банка
  • Примач: Комора на овластени архитекти и овластени инженери
  • Цел на дознака: за Стручен испит урбанистичко планирање

Материјалите за стручниот испит: