На 30 мај 2023 година, во рамките на соработката на Smart Solutions - авторизиран партнер на Autodesk во Македонија со Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се одржа Autodesk предавање - четврто од низата БИМ активности оваа година.
Главен предавач на овој настан беше добро познатиот БИМ експерт Трајче Стојанов од СЕМОС Едукација, тој ја спроведе презентацијата насловена: „4D симулации во Navisworks и Revit“.
Заинтересираните архитекти и инженери имаа можност покрај со физичко присуство да го проследат настанот и он-лајн преку платформата ZOOM. Комората ќе продолжи во своите заложби да го доближи користењето на БИМ до своите членови преку соработка со компании и едукативни организации за одржување на вакви и слични презентации и обуки.
- Предавач:
Трајче Стојанов | БИМ Инструктор, Семос Едукација
Архитект, БИМ консултант и БИМ инструктор во Семос Едукација.
Едукација со повеќегодишно искуство на проекти во земјава и странство. Последниве 2-3 години, тој е инволвиран во комерцијални и истражувачки проекти на полето на БИМ мандатирање и воведување на дигитални градежни дозволи базирани на БИМ.
Фотографии од настанот