На 2 јуни 2023 година, во просториите на КОАИ, се одржа регионална средба на ИИРС - Инженерската Иницијатива за Регионална Соработка во Скопје. На средбата покрај домаќините од КОАИ, присуствуваа г-ѓа Нина Дражин Лорвец, претседателка на Хрватската комора на градежни инженери, г-дин Чертомир Ремец, претседател на Инженерската комора на Словенија, г-дин Срџан Лакович претседател на собранието на Инженерската комора на Црна Гора и г-дин Огнен Атанасов, потпретседател на Комората на Инженери во Инвестициско проектирање на Бугарија.
Состанокот, прв од ваков тип по пандемијата со Ковид-19, претставуваше своевидно обновување на ИИРС иницијтивата. Темите кои се разговараа беа насочени кон идентификување на заедничките проблеми со кои се соочуваат инженерите од регионот, изнаоѓање решенија и спроведување заедничка акција со цел наминување на потешкотиите и унапредување на инженерските професии. Беа споделени искуства за законите во земјите и како тие го регулираат градењето, примената на стандарди, регулирање на цените за проектирање, утврдување на минимална плата за инженери, вклучување на млади инженери во коморското работење, спроведување на Еврокодови, употреба на БИМ во проектирањето и многу друго.
Покрај тоа, во рамки на средбата се одржаа предавања на тема Еврокодови. Предавањата беа поврзани со искуствата и предизвиците во спроведувањето на Еврокодови во Словенија, Хрватска и Македонија. Предавањата ги изнесоа Дејан Пребил од IZS Словенија, Борис Трогрлиќ и Марио Тодориќ од HKIG Хрватска и проф. д-р Горан Марковски од КОАИ. Покрај присутните инженери во салата на КОАИ, предавањата имаа можност да го следат виртуелно сите заинтересирани инженери од регионот.
Презентациите можете да ги преземете подолу
- SLOVENIAN EXPERIENCE IN USING EUROCODES - Dejan Prebil
- BETONSKE KONSTRUKCIJE Projektiranje i proračunprema EUROCODE 2 - Mario Todorić
- ZIDANE ZGRADE Projektiranje i proračun prema EUROCODE 6 - Prof. dr. sc. Boris Trogrlić
Фотогалерија