На 6 и 7 јуни 2023 година, во просториите на Комората, во соработка со компанијата ПМО доо од Србија, се одржаа стручни предавања специјализирани за архитекти и за машински инженери.
Темите на предавањата беа „Напредна примена на Autodesk Revit во процесот на проектирање со BIM“ и „Напредна примена на софтверот Autodesk Revit и LINEAR во процесот на дизајнирање со BIM“. На предавањата присутните можеа да слушната за оптимизација на проектното решение, ефикасно креирање на проектна документација за архитекти, употреба на BIM податоци во термички пресметки, пресметки за пад на притисокот на мрежите на цевки и канали и за креирање извештаи. Беа презентирани практични примери за оптимизација на проектното решение, ефикасно креирање на проектна документација за архитекти, употреба на BIM податоци во термички пресметки, пресметки за пад на притисокот на мрежите на цевки и канали и Креирање извештаи.
За ПМО доо Србија www.pmo.rs
ПМО доо Србија е меѓу најбрзо растечките партнери на Autodesk во Југоисточна Европа. И покрај повеќе од 20 години постоење, сè уште го имаат истиот ентузијазам и желба да усвојат нови технологии за да им понудат на клиентите решенија кои ќе им овозможат да ги подобрат нивните работни процеси.
Ваквиот пристап ја услови нивната отвореност кон нови концепти, решенија и партнери. Од своето основање во 1997 година, ПМО е фокусиран на компјутерски потпомогнат дизајн (CAD) и наоѓање начини да го користи што е можно поефикасно во тимовите за развој и дизајнерските канцеларии, без разлика дали се работи за машинско инженерство, архитектура, градежништво или креативни тимови во медиумите и забавната индустрија. Еден од првите партнери што ги избраа на самиот почеток на патувањето е Autodesk. Благодарение на позицијата што цврсто ја држи меѓу технолошките лидери и исклучително висококвалитетните софтверски решенија, Autodesk се покажа како вистински избор за основата на нивната понуда на решенија и програми.
Фотогалерија
Видео запис од 06.06.2023 година
Видео запис од 07.06.2023 година