На 08.06.2023 година во просториите на Комората, во склоп на активностите на Smart Solutions - авторизиран партнер на Autodesk во Македонија заедно со Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се одржа Autodesk предавање во - петто од низата БИМ активности оваа година.
Презентацијата се одвиваше хибридно, покрај присутните во салата за презентации, заинтересираните архитекти и инженери имаа можност за поврзување он-лајн. Пред почетокот на предавањето, м-р Кристинка Радевски ги поздрави присутните и истакна дека Комората ќе продолжи во своите заложби да го доближи користењето на БИМ до своите членови преку соработка со компании и едукативни организации за одржување на вакви и слични презентации и обуки.
Главен предавач беше добро познатиот БИМ експерт Никола Нисев од НИТЕН Инженеринг и говореше на темата: „Координација помеѓу челични и армирано бетонски конструкции во REVIT“.
- Предавач:
Никола Нисев | Сопственик на Нитен Инженеринг
Докторанд и соработник на Градежен факултет Скопје - Катедра за метални конструкции, раководител на градежен сектор во NEW VISION и еден од основачите на НИТЕН ИНЖЕНЕРИНГ. Веќе шест години активно работи на имплементација на БИМ технологијата во градежништвото преку проектирање на станбени и индустриски објекти во софтверските пакети на Autodesk.
Фотогалерија