Оваа година, Инженерската Комора на Србија прослави јубилеј 20 години од своето постоење и работа. По повод прославата на овој значаен јубилеј, што се одржа во средината на месец јуни во Белград - Република Србија, на покана на раководството на Инженерската Комора на Србија, како претставници на Комората на овластени архитекти и овластени инженери присуствуваа Претседателката Кристинка Чулак и Потпретседателот Дејан Метикош. Во насока на зацврстување и одржување на континуитет на отпочнатата соработка на коморите од регионот, а во рамки на Инженерската Иницијатива за Регионална Соработка (ИИРС), присуството на настанот на Инженерската Комора на Србија беше искористено да се разменат искуства во работењето на двете комори.
Во линкот подолу можете да го превземете во целост Гласникот бр.49 на Инженерската Комора на Србија со останати интересни содржини од случувањата во соседна Република Србија.