Имплементацијата на „Еврокодовите“ - Европските стандарди за проектирање градежни конструкции кои стапија на сила на 2 септември 2020 година и имаат паралелна примена (со последна измена на Правилникот за стандарди и нормативи за проектирање од август 2023 ) до 2 септември 2024 година, со препознатлив успех се остварува преку активностите на Комората.
Денес, преку интензивното работење на Управниот Одбор на Комората на чело со Претседателката Кристинка Чулак истовремено се одржуваат обуки во три градови во нашата држава и тоа во Скопје и Штип со обука за бетонски конструкции и во Битола со обука од областа челичните и геотехничките конструкции. На тој начин директно се актуализира интенцијата на Комората да биде двигател на современите тенденции во општеството, со директен бенефит за сите граѓани.