Со големо задоволство ве покануваме на 20-тиот Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија, кој ќе се одржи на 28-29 септември 2023 година во Скопје. Оваа значајна манифестација годинава ќе го носи мотото „ОТПОРНИ КОНСТРУКЦИИ“. Комората на овластени архитекти и овластени инженери е ко-организатор и медиумски покровител на Симпозиумот.
Симпозиумот ќе биде платформа за споделување на најновите истражувања, иновации и успешни проекти во областа на градежните конструкции. Очекуваме инспиративни дискусии и вмрежување помеѓу учесниците, со цел да го поддржиме напредокот и развојот на градежниот сектор во Македонија.
За оние кои што не се во можност да присуствуваат, пренос во живо од сесиите на ДГКМ20 што ќе се одржуваат во Diamond Hall, ќе можат да следат на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=-ZRU5fhRI2A