Почитувани архитекти, дизајнери и ентузијасти, со задоволство го упатуваме нашето срдечно добредојде на шестото издание на Меѓународниот форум за архитектура SHARE Скопје 2023. Овој долго очекуван настан ќе се одржи на 10 октомври 2023 година (вторник) во Филхармонијата на Република Северна Македонија, обединувајќи професионалци и ентузијасти од цела Европа кои ќе ја истражат атрактивната тема „Добра архитектура за живеење: подобрување на животниот и работниот простор“.
SHARE Skopje е организиран од SHARE Architects, водечката мрежа на конференции за архитекти од Централна и Југоисточна Европа во коорганизација со Асоцијацијата на архитекти на Македонија и со институционалниот партнер - Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Северна Македонија, во чие име ќе се обрати и Претседателката на Комората, архитект Кристинка Чулак.
Помеѓу етаблираните македонски и странски автори ќе имате можност да го запознаете и еден од шестте добитници на наградата Ага Кан за архитектура 2022 година, архитектот Дејвид Гарсија, кој со неговото предавање за одржливи проекти и односот помеѓу архитектурата и развојот, ќе навлезе во архитектурата базирана на земјата и нијансите на социјалната архитектура во Африка.
Понатаму, длабоката врска помеѓу материјалното и нематеријалното, заедно со актуелните предизвици со кои се соочува архитектурата, стојат како камен-темелник на дискусиите на извонредната презентација на Ренато Рици на SHARE Skopje 2023.
Ве очекуваме!