Комората продолжува со голем интензитет на одржување на обуки за Еврокодови и во месец октомври 2023 година.
Спроведувањето на обуките на инженерите значи вистински придонес кон приближување на државата кон Европската Унија. Имплементацијата на стандардите на ЕУ во градежните конструкции не само што ќе значи проектирање и градење на побезбедни објекти, туку и создавање на домашен инженерски капацитет кој ќе може да биде рамноправен учесник на евроскиот, а со тоа и на светскиот пазар. Резултатите од посветеноста на Управниот Одбор на Комората на чело со Претседателката Кристинка Чулак, веќе се очигледни преку перцепцијата за зголемениот дигнитет на инженерската професија и истовремено достојната валоризација на инженерскиот труд.
И овој месец, истовремено се одржуваат обуки во три градови во нашата држава и тоа во Битола, Штип и Скопје, со тенденција да се предадат стандардите од бетонските, челичните конструкции и стандардите кои се однесуваат на геотехниката. За конкретниот распоред можете да се информирате на следниот линк.
Во продолжение фотогалерија.