Во деновите 28 и 29 Септември се одржа - 20 Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија. Овој исклучителен настан беше поддржан од Комората на овластени архитекти и овластени инженери во својство на коорганизатор. На тој начин Комората ја остварува основната статутарна определба – грижа за континуиран професионален развој на своите членови, преку воспоставување и развивање на соработка со професионални организации и здруженија.
Зададената тема на дваесеттиот симпозиум „Отпорни конструкции“ беше вистински инкубатор на идеите содржани во професионалните презентации од светските познати домашни и странски експерти.
Одржаниот Симпозиум овозможи рефлексија на целокупното стекнато и применето знаење во изминатите шест децении во областа на асеизмичкото проектирање, но и дискусија за предизвиците кои ни претстојат. Во фокусот беа и глобалните предизвици поврзани со климатските промени и ефектите кои тие ги имаат врз конструкциите, опфаќајќи ги концептите на робустност, приспособливост, одржливост, трајност, долготрајно менаџирање и доверливост на конструкциите.
Исто така за време на настанот се одбележа 74-годишнината од основањето на Градежен факултет при УКИМ во Скопје, институција која е најзаслужна за постоењето на ДГКМ. За сите заинтересирани кои не беа во можност да присуствуваат, комплетни видео материјали можат да видат на следниве линкови : ден 1 (28 Сеп. 2023) и ден 2 (29 Сеп. 2023)