Евалуацијата на изложените архитектонски трудови на двете Биеналиња на македонска архитектура доби свечена завршница на 29 септември во 19:30 часот во Музејот на современата уметност, со доделување на најпрестижните награди од областа на архитектурата во Република Северна Македонија. За волуменот на наградите зборува и самиот состав на жири комисиите, кои беа составени од еминентните архитекти, каде меѓу останатите беа и професорите Д-р Зорица Блажевска, Д-р Мартин Гулевски и Претседателката на Комората М-р Кристинка Чулак. Тие имаа една комплексна задача, да од мноштвото исклучителни трудови, преку процесот на селекција и наградување директно да ја покажат насоката во која треба да се движи современата македонска архитектура.
Упатуваме честитки до сите добитници на награди и признанија. Честа е истовремено и взаемна, заради што сите добитници се активни и ценети членови на Комората. Се надеваме дека комплексните периоди на изнудени паузи, никогаш повеќе нема да се повторат и Биеналето на македонската архитектура ќе се врати во нормален колосек кој ќе биде хронолошки сведок на творештвото на современата македонска архитектура. Комората секогаш ќе биде подржувач на вакви манифестации и во континуитет ќе се бори инженерскиот труд вистински да се евалуира, што директно ќе допринесе до подобра архитектура за живеење за сите граѓани во нашата држава.
За листата на добитниците на наградите и составот на жирито ве упатуваме на сајтот на колегите од платформата МАРХ на следниот линк.