Во рамките на „Геотехнички денови на Комората“ во организација на Одделението за геотехника, на 12 октомври 2023 година од 12 до 16 часот, во салата на Комората, се одржa еднодневна обука/стручно предавање на тема "Геосинтетички зајакнувања на почви (армирана земја) во транспортната инфраструктура". На почетокот се обрати Претседателката на Комората М-р Кристинка Чулак која ги поздрави присутните и им посака успешна работа, по неа и проф. д-р Јосиф Јосифовски кој даде краток вовед за изборот на темата и значењетo на геосинтетиците во геотехничното инженерство, по што започна официјалниот дел на обуката.
Прв предавач беше проф. д-р Бојан Жлендер од Факултет за градежништво, транспортно инженерство и архитектура од Марибор, Р.Словенија, кој во својата презентација се осврна на пресметка на конструкциите од армирана земја и тоа за примена во патната инфраструктура и потпорните конструкции односно насипи и нивна анализа во смисла на искористеност, време за изведба и чинење. По кратката пауза терминот беше резервиран за д-р Станислав Ленарт од Институт за градежништво на Словенија од Љубљана, Р.Словенија, кој во својата презентација се задржа на сопственото искуство поврзано со лабораториски и теренски испитувања на овој вид на конструкции, како и на неколку позитивни примери од нивната примена. На крај се обрати и нашиот колега Борис Богоевски, диплoмиран геотехнички инженер од Скопје кој во своето предавање направи пресек на зајакнувањата со геосинтетици во Македонија со осврт на видот на материјалите и техниките кои биле користени за изградба. Семинарот заврши во планираното време со пригоден коктел во друштво на сите 60-тина присутни инженери.
Во продолжение фотогалерија од настанот.