Комората ја пренесува информацијата за Денови на Архитектурата 2023 кои ќе се одржат од 17-19 Ноември 2023 во Музичката дворана во Подгорица, Црна Гора.
Во организација на Комората на архитекти од Црна Гора во ноември ќе се одржат вторите Денови на архитектурата со официјална тема: REUSE.
Коорганизатори и партнери на настанот се Архитектонскиот факултет во Подгорица, Асоцијацијата на архитекти, Италијанската агенција за надворешна трговија ICE/ITA, главниот град Подгорица и Министерството за екологија, просторно планирање и урбанизам.
„Повторната употреба“ е термин кој широко се користи во секој сектор на општеството. Неодговорното депонирање на отпадот во која било форма е штетно за здравјето и животната средина. Градежниот отпад и отпадот од рушење сочинува приближно 25%–30% од вкупниот отпад создаден во Европската Унија.
Начинот на кој можеме да го намалиме ова акумулирање на отпад е преку едукација на граѓаните. Архитектурата е поле кое нема иднина без одржливост поради големото влијание што го врши преку различни области на нејзината примена. Можеме ли да ја градиме нашата иднина со зачувување на нашето минато?
Предавачи:
Џет Катрин Хоп - директор на Snohetta, Осло Роберт Смиц - партнер и директор во White arkitekter, Гетеборг Ингрид ван дер Хајден, ко-основач и партнер на Civic Architects, Ротердам Алис Дитч, директор на AL_A, Лондон Каролина Бакмен - специјалист за дизајн 3XN, Копенхаген Борис Подрека - основач на студиото Борис Подрека, Виена Аљоша Деклева - основач Деклева Грегорич, Љубљана Саша Беговиќ и Марко Дабровиќ, основачи на 3LHD, Загреб Идис Турато - ко-основач на Матаищко Душиќа х. Корошец - ко-основачи на архитекти Remorker, Бел град
Повеќе информации на официјалната веб-страница.