Комората како членка на ИКОМОС – Интернационалниот совет на споменици и локалитети, ги пренесува објавените информации за тековниот месец јануари 2024 година.
ИКОМОС е посветен на глобалната агенда за климатската акција како дел од својата работа за заштита на културното наследство низ целиот свет. Одборот на ИКОМОС ја одобри Стратегијата за намалување на јаглеродот на ИКОМОС, подготвена од Работната група за одржливост и комуникации на AdCom (SCTF), на состанокот на 1 септември 2023 година, во Сиднеј.
Целта на Стратегијата е да го насочи и поттикне ИКОМОС како целина кон намалување на јаглеродниот отпечаток на сите наши активности, притоа прифаќајќи ја инклузијата и само-транзиција, што подразбира холистичко приближување кон производството и циклусите на потрошувачка без создавање на отпад.
Повеќе информации за Стратегијата за намалување на јаглеродниот отпечаток на ИКОМОС на следниот линк.
Таму истовремено можете да најдете информации за Меѓународна конференција на ИКОМОС која ќе се одржи 27-30 мај 2024 година во Лисабон на тема - „Венецијанската повелба - предизвици на новото наследство“.