Комората во продолжение го пренесува Јавниот повик од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од (АФПЗРР) за ангажирање на стручни лица за утврдување на пазарни цени за понуди за програмата - ИПАРД.
АФПЗРР има потреба за ангажирање на стручни лица кои ќе спроведат истражување и анализа на понудата на пазарот и ќе достават пазарни цени за исти производи и услуги.
Стручните лица од областа архитектура, градежништво, машинство и електротехника треба да достават пазарни цени за ставки од дадена предмер-пресметка додека квалификуваните проценувачи од областа машини – опрема треба да достават пазарна цена на чинење за опрема со исти или споредливи карактеристики со дадената техничка спецификација.
Огласот за ангажирање на стручни лица со потребните квалификации и документација за пријавување можете да го преземете на следниот линк.
Огласот трае до вторник 06.02.2024 година.
За подетални информации и прашања обратете се на Раководителот на Сектор за регистри на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.