Како продолжение на активноста за одржување на обуки за примена на Еврокодовите, во продолжение можете да го проследите повикот со предлог распоред за одржување на обуки за три модули, односно за проектирање на бетонски конструкции во високоградбата, челични конструкции во високоградбата и геотехнички конструкции и можете да се пријавите за посета во некој од посочените термини распоредени по градови.
Рокот за искажување интерес е 10.04.2024 година. Врз база на бројот на пријавени кандидати ќе се формираат групите и ќе се прецизираат термините. Истите ќе бидат објавени на 11.04.2024 година, а потоа пријавените кандидати ќе треба да извршат уплата.
Доколку за одредена обука бројот на пријавени е поголем од планираниот (20 до 25 слушатели), ќе биде формирана и дополнителна група. Минималниот број на слушатели за кој би се формирала група во одреден регион изнесува 10.
Обуките ќе бидат во траење од 5 работни дена, во период од 14 до 18 часот. Поради преклопување на дел од материјалот, предавањата на тема „Пожарна отпорност на к-циите“ и за двата модула (бетонски и челични к-ции) ќе се одржат во еден термин со траење од 3-4 часа. Цена за еден модул изнесува 100 евра (во денарска противвредност). Во цената се вклучени и прирачниците кои се издадени од КОАИ.
Обуките во Скопје ќе се држат во просториите на КОАИ и се планираат во следните термини:
- Обука за бетонски конструкции - БКСК: од 15 до 19 април 2024 година,
- Обука за челични конструкции - ЧКСК: од 22 до 26 април 2024 година,
- Обука за пожарна отпорност на конструкции - ПОСК: 27 април 2024 година и
- Обука за геотехнички конструкции - ГТСК: 7 до 10 мај и 13 мај 2024 година.
Обуките во Битола ќе се држат во просториите на Техничкиот факултет и се планираат во следните термини:
- Обука за челични конструкции - ЧКБТ: од 15 до 19 април 2024 година,
- Обука за бетонски конструкции БКБТ: од 22 до 26 април 2024 година,
- Обука за пожарна отпорност на конструкции - ПОБТ: 29 април 2024 година и
- Обука за геотехнички конструкции - ГТБТ: од 13 до 17 мај 2024 година.
Обуките во Штип ќе се држат во просториите на универзитетот Гоце Делчев и се планираат во следните термини:
- Обука за бетонски конструкции - БКШТ: од 13 до 17 мај 2024 година,
- Обука за челични конструкции - ЧКШТ: од 20 до 23 мај и 27 мај 2024 година,
- Обука за пожарна отпорност на конструкции - ПОШТ: 7 јуни 2024 година и
- Обука за геотехнички конструкции - ГТШТ: од 27 до 31 мај 2024 година.
Обуките во Тетово или Гостивар се планираат во следните термини:
- Обука за челични конструкции - ЧКТГ: од 13 до 17 мај 2024 година
- Обука за бетонски конструкции - БКТГ: од 20 до 23 мај и 27 мај 2024 година,
- Обука за пожарна отпорност на конструкции - ПОТГ: 10 јуни 2024 година и
- Обука за геотехнички конструкции - ГТТГ: од 20 до 23 мај и 27 мај 2024 година,
Доколку бројот на пријавени се зголеми ќе бидат дефинирани и дополнителни термини.
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме да се пријавите на линкот, најдоцна до 10.04.2024 година -> ЛИНК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
> Календар на предложени термини