На 17.04.2024 година (среда) со почеток во 11 часот во Салата за конференции на Комората на овластени архитекти и инженери, во организација на РАДЕ КОНЧАР ТЕП се одржa презентација на производите на ZPUE. Полскиот бренд ZPUE формиран во 1988 година, повеќе од триесет години развива, нуди напредни решенија во делот на управување со електричната енергија, особено со Контејнерски типови на Трафостаници, СН и НН прекинувачи, раставувачи, Складирање на електрична енергија, Станици за полнење на електрични возила итн.
Препознатливи по својата иновативност и безбедност, производите на ZPUE овзозможуваат континуирано и сигурно снабдување на електрична енергија до крајните потрошувачи во многу делови во светот. Компанијата РАДЕ КОНЧАР ТЕП е овластен застапник за ZPUE производите на македонскиот пазар.Темите кои беа елаборирани на презентацијата се следните:
• Решенија за складирање на електрична енергија - батериски системи со широк опсег на примена (индустрија, фотовоптаични централи и сл.)
• Среднонапонски раставувачи тип TГM - решение со компактен дизајн и зголемена функционалност
• Станици за полнење на електрични возила - нова генерација на АС и DC попначи
Во продолжение фотогалерија од настанот.