Во рамките на „Геотехнички денови 2024 на Комората“ во организација на Одделението за геотехника, на 18 април 2024 година од 11 до 15 часот, во салата на Комората, се одржa еднодневна обука/стручно предавање на тема „Челична шпундова подграда, примена и изведба".
На почетокот се обрати проф. д-р Јосиф Јосифовски како раководител на одделението за геотехнички инженери кој даде краток вовед за изборот на темата и значењето на шпундовата подграда како решение во голем број на геотехнички и градежни задачи, по него и Заменик претседателот на Комората М-р Дејан Метикош кој ги поздрави присутните и им посака успешна работа и по што започна официјалниот дел на обуката.
Прв предавач беше Валерија Ајковиќ претставник за Балкан и техничка поддршка во компанијата Арчелор Митал која во својата презентација се осврна на Проектните аспекти на челичната шпундовата подграда и проекти изведени во регионот, искуства и предности.
Потоа се обрати г-дин Ернст Вебер експерт од областа со повеќегодишно интернационално искуство одговорен за поддршка во компанијата Арчелор Митал, кој во својата презентација се задржа на сопственото искуство поврзано со изведбата на челичната шпундовата подграда, како и на неколку позитивни примери од нивната примена и научени лекции.
На крај се обрати и проф. д-р Шилтон Рика од Универзитетот во Луксембург кој во своето предавање направи на модерните технологии поврзани со системите на шпундова подграда во делот на мониторинг на конструкциите и теренски испиувања на нивното однесување за различни примени и задачи како и на актуелната тема за Природни хазарди во контекст на климатските промени и решенијата за заштита.
Семинарот заврши во планираното време со пригоден коктел во друштво на сите присутни кои броеја околу 70-тина.
Во продолжение фотогалерија од настанот: