На 19.04.2024 година во салата на Комората се одржа вториот настан од низата BIM активности за оваа година кој е во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Smart Solutions - авторизиран партнер на Autodesk во Македонија.
Темата на предавањето е комплементарна со фокусот на Комората за активно учество во современите дигитални трансформации и воведувањето на БИМ – иднината на градежната индустрија.
Предавањето го одржа Илија Лошонц (Cadonia Australia) БИМ и Проект менаџер во Cadonia Australia, со повеќе од 7 години работно искуство. Како БИМ менаџер учествува во организација и следење на процесот за изработка на БИМ модел во различни фази на проектите, како и имплементација на БИМ стратегии. Веќе 4 години е гостин - предавач на Каледониан универзитетот во Глазгов, Шкотска, на предметите за дигитални вештини како што се Revit, AutoCAD, Civil3D и Infraworks.
Во продолжение фотографии од настанот.