На 26 Април 2024 година во салата на Комората се одржа презентација на тема - Belimo Day 2024 „Мали уреди, големо влијание. Обезбедена енергетска ефикасност“.
Презентацијата е во организација на компанијата BELIMO Automation Handelsgesellschaft mbH од Виена, Австрија, а предавач беше Горан Андреев, регионален претставник на BELIMO.
Групацијата Belimo е лидер на глобалниот пазар во развој, производство и продажба на контролни уреди за енергетски ефикасна контрола на системите за греење, вентилација и климатизација. Фокусот на компанијата се дампер актуатори, регулациони вентили, сензори и уреди за мерење. Основана во 1975 година, компанијата вработува приближно 2.300 лица во преку 80 земји и присутна е на швајцарската берза (SIX) уште од 1995 година.
Belimo како водечка фирма во светот за енергетска ефикасност и декарбонизација на одржаната презентација ги претстави новостите за 2024 година.
Светскиот лидер во иновативноста на сензорите, водените и воздушните апликации преку своите развојни структури наметнува нови стандарди и иницијативи за намалувањето на CO2. Овие апликации треба активно да се аплицираат до 2050 година како на ново изградени, така и на постоечки објекти. Во иста насока се презентираа нови енергетски ефикасни решенија согласно со (ISO) 52120-1:2021 стандардот за енергетски перформанс на зградите. Belimo останува сигурен и доверлив партнер кој и во иднина ќе биде, светски предводник на иновативни решенија кои ќе им помагаат на своите клиенти во следењето на светските енергетски трендови.
Презентацијата ги опфати следниве теми:
- Собни оперативни единици – температура, rH, CO2
- Калориметар со MID Сертификат
- RetroFIT+ програма
- Belimo Energy Valve™ притисно-независни регулациони вентили со следење на потрошувачка на енергија со контрола на ∆p
- Нови погони за лептирести вентили и нивно управување (JR…)
- Belimo ZoneEase VAV програма
Во продолжение фотогалерија од настанот: