На 15ти и 16ти мај, во Љубљана се оддржа овогодинешниот BIG SEE настан, во чија програма беа повеќе изложби, дебати, презентации и конференции.
Една од нив беше и дебатата под наслов „Архитектонски конкурси: Игра на границите на возможното“, на која учествуваше и претседателката на Комората на овластени архитекти и инженери, М-р Кристинка Чулак.
Во контекст на темата, присутнитните имаа можност да се запознаат со условите на домашната сцена, недостатокот на конкурси чиј краен резултат е реализирање на победничкиот проект, како и за одредените раздвижувања изминатите години. Низ паралелата на последните поголеми конкурси „Треска“ и „Расадник“ се прикажаа двата примери, еден со неуспешен крај и покрај притисокот на јавноста и другиот кој сеуште поседува потенцијал за соодветна реализација.
Во кратки црти беа спомнати и сите позначајни домашни вреднувања и награди на архитектонскиот труд, вклучувајќи ги оние на Асоцијацијата на архитекти на Македонија и Комората на овластени архитекти и инеженери.