Комората како членка на ИКОМОС Македонија ја споделува поканата за Завршната конференција на проектот „Мониторинг на православното културно наследство“ во организација на ИКОМОС Македонија и Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, на која ќе бидат презентирани постигнатите резултати од работата на нашите колеги од ИКОМОС Македонија и со која ќе се означи и крајот на овој проект.
Завршната конференција ќе се одржи на 30 мај 2024 год. (четврток) во Музејот на Македонската борба за самостојност, со почеток во 14:00 часот.
Преземете програма.