78-то Генерално собрание на Европскиот совет на градежни инженери - ECCE (Europeаn Council of Civil Engineers) се одржa од 22 до 24 мај 2024 година, во прекрасниот град Рига, Латвија. На Генералното собрание присуствуваа претставници на сите земји членки на ЕССЕ. Комората на овластени архитекти и овластени инженери ја претставуваше раководителот на одделение на градежни инженери, проф. д-р Мери Цветковска. Поднесен беше извештај за работата, финансиски извештај и план за работа за идната година на ECCE. Најавен беше и изборот на нов Претседател и нов Извршен одбор на ЕССЕ кој ќе се спроведе во септември, на следното Генерално собрание.
Претставник на Латвиската социјација на градежни инженери одржа стручно предавање за импозантен објект „Концертна сала на природа“, кој е изграден на место каде што започнала една од најубавите латвиски традиции - Фестивалот на песната.
Новоизградената Концертна сала на природата на Нејкенкалнс поседува сцена под отворено небо и е нов проект во Латвија кој ја истакнува вредноста на наследството и традицијата. Изградена е како амфитеатар. Нејзините уникатни акустични карактеристики се развиени со водно огледало, дрвени структури, зеленило во паркот, тераси и падини.
Истовремено со Годишното собрание на ЕССЕ се одржа и конференција на Летонското здружение на градежни инженери (LBS), посветена на јубилејот 100 години од основањето на Латвиската асоцијација на градежни инженери (LBS).