На 02.07.2024 во просториите на Комората беше одржана средба со претставници на организации, здруженија и академската заедница кои работат на тема NetZeroCities.
За време на средбата, главниот акцент на работната Агенда беше ставен на климатските проблеми и промени и активно справување со истите преку:
- изнаоѓање предлог решенија во градежната индустрија и избор на одржливи материјали и ублажување на последиците од истите или адаптација преку прифаќање на нови практики, бизнис модели и целосно интегрирање на принципите не циркуларната економија, преку намалување на отпад од градежната индустрија, реискористување на истиот, па сѐ до креирање регистар на материјали со зелени сертификати,
- како и неопходност од проширување на комуникацијата на сите нивоа, преку градење на свесност и знаење за секој чинител да може да допринесе за ублажување на климатските предизвици кои што се ограничувачки фактор за раст на економијата, како дополнително непотребно оптоварување на јавните финансии, а воедно и голема закана за животите на луѓето.
Во делот на заклучоците за изнаоѓање на нови одржливи практики и материјали во градежната индустрија, говорниците презентираа и резултати од искористување на отпадни материјали во нови градежни производи кои што чинат многу помалку и се одржливи за животната средина. Исто така од страна на присутните говорници беше заклучено дека истовремено треба да се работи како во делот на науката и истражувањето така и во делот на регулативата, олеснување на царински постапки и тарифирање на отпадот како влезна секундарна суровина за нови процеси и што е најважно крирање на модели за пресметка на carbon кредитите со цел стимулација на компании кои вршат намалена емисија, избегнување или отстранување на еден метрички тон јаглерод диоксид или негов еквивалент на јаглерод диоксид (CO2e)
Дополнително ваквите состаноци освен што имаат цел на вмрежување и запознавање на чинителите во зеленото лидерство, имаат и цел за меѓусебна соработка во делот на подготовка и пристап до проекти со компонента зелена транзиција и одржливи градови.
Еден од заклучоците беше дека нашата обврска како совесни и одговорни чинители на Зелената Агенда е уште поголема по превземањето на обврските кои прозилегуваат од Парискиот Договор, во насока на зајакнување на глобалниот одговор на заканата од климатските промени со одржување на глобалниот пораст на температурата овој век далеку под 2 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа и да се продолжат напорите за да се ограничи зголемувањето на температурата уште повеќе на 1,5 Целзиусови степени.
На крајот од дискусијата од страна на преставникот од ПроКредит Банка беа презентирани и можностите за зелено финансирање во функција на исполнување на Зелената Агенда, од аспект на условите и можностите на финансирање на проекти кои го неутрализираат и ублажуваат климатското влијание и истите се неопходни за да се направи некаква зелена транзиција или воопшто да се отпочне процесот на адаптација со климатските промени.