На покана на PIKA Studio, Управниот Одбор на Комора на овластени архитекти и овластени инженери ја одржа својата јубилејна 50-та седница во Тетово.
Членовите на Управниот Одбор на КОАИ во проширен состав, разговараа за унапредување на процесите во струката, предизвиците во секојдневното работење, а особено на темата дигитална трансформација, поврзана со развојните компоненти во Комората.
Благодарност за топлото гостопримство на домаќините PIKA Studio - проектанска куќа на млади ентузијасти, која цврсто чекори на патеката на современата македонска архитектура и има сериозно портфолио со кое може да се гордее.
Фотогалерија: