Потпретседателот на Комората, Дејан Метикош присуствуваше на Свечена академија по повод 75 години Градежен факултет. Тој во своето обраќање пред присутните во име на сите членови на КОАИ го честиташе јубилејот – 75 години од основањето на Градежниот факултет во Скопје.
Во продолжение на обраќањето истакна дека Комората и Градежниот факултет имаат долгогодишна соработка која постојано се продлабочува и развива, и дека заеднички се работи на креирање квалитетни и компетентни професионалци.
Со задоволство констатираше дека КОАИ заедно со Градежниот факултет делува во насока на зајакнување на улогата на инженерите во општеството и работат на позиционирање на инженерот како рамноправен и релевантен член во меѓународната инженерска заедница.