На 2 и 3 октомври 2024 година (среда и четврток), со почеток во 11.00 часот во големата сала на Комората се одржa презентацијата на тема „Иновативни HVAC решенија за енергетска ефикасност и комфор“. Настанот е организиран од Hoval Македонија, ново претставништво на меѓународната компанија Hoval од Лихтенштајн, специјализирано во технологијата за греење и климатизација.
Пред присутните архитекти и инженери се обратија: Димитар Петрушевски претставник на Hoval Македонија понатаму Цветелина Спаскова д.м.и, Костандин Џампалски, д.м.и од Република Бугарија и Питр Бохослав од Чешката Република.
Во првиот ден презентациите беа прилагодени на архитектонската струка, со акцент на проектниот процес, апликациите и конструктивни потреби и можности на продуктите, додека вториот ден беше наменет за машинските инженери и акцентот беше ставен на техничките карактеристики на системите кои ги нуди Hoval.
Следејќи го своето мото повеќе од 75 години „Одговорност за енергијата и животната средина“, Hoval се докажа како пионер во развојот на гасни кондензациони котли - високотехнолошки сегмент на пазарот, вклучувајќи и голем број на иновативни патенти. Во областа на климатската техника, компанијата ги фокусира своите напори во развојот на автономни децентрализирани системи за греење, вентилација и рекуперацијата на топлината во едноволуменски трговски, јавни и индустриски згради. Преку поврзувањето на техника за греење и климатизација во единствен систем, Hoval на своите клиенти им нуди решенија со краткорочен поврат на инвестицијата и повеќегодишни заштеди од трошок за енергија.
Палетата на производи на Hoval вклучува: кондензациони гасни котли , котли за греење на вода со нафта и гас, котли на биомаса, индустриски котли, децентрализирани системи за климатизација преку кровни апарати, соларни колектори за топла вода, топлински пумпи воздух-вода и вода-вода, бојлери, пуфери, разменувачи на топлина, рекуператори. Благодарение на широка палета на производи, Hoval нуди енергетски ефикасни решенија од еден производител - целосни решенија за греење, ладење, топла вода и вентилација на сите видови на згради од станови и куќи, до училишта, хотели, фабрики, па дури и серверски центри.
Повеќе информации на следниот линк или директно на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Во продолжение фотографии од настанот: