- Проф. д-р Љупчо Петковски, Градежен факултет во Скопје -
Во периодот од 11 до 13 септември 2024 година, во Атина, Грција, се одржа 7-миот Меѓународен Симпозиум на Работната група „Брани и земјотреси“ (WGDE) на Европскиот клуб (ЕC) на Меѓународната комисија за големи брани (ICOLD). После многу успешните симпозиуми на WGDE-EC-ICOLD, каде што првиот се одржа во Saint Malo, Франција, на седмиот настан во Атина се собраа врвните експерти од оваа област за да ги презентираат најновите сознанија од дејството на земјотресите врз браните и да дискутираат за најзначајните предизвици поврзани со сеизмичката отпорност на бетонските и насипните брани.
Симпозиумот се одржа во amphitheatre of the War Museum во центарот на Атина. Симпозиумот го отвори претседателот на EWG on Dams and Earthquakes Guillaume Veylon, a поздравни говори одржаа EurCOLD President S. Lazaridou и GCOLD President C. Papachatzaki.
Темите на симпозиумот беа следниве: 1. Earthquake hazard parameters (e.g., ground motion, surface fault movements) for dam safety evaluation, 2. Measurement of seismic and post-seismic response of concrete and embankment/tailings dams, 3. Experimental behavior and modeling of dam materials under cyclic loading, 4. Seismic performance of concrete dams and their impacted area. Case histories, analysis & validation, design, 5. Seismic performance of embankment/tailings dams and their impacted area. Case histories, analysis & validation, design, 6. Earthquake safety evaluation of safety-critical dam elements (e.g. spillways, low-level outlets).
На симпозиумот беа презентирани поголем број реферати, публикувани во Зборникот посветен на симпозиумот, кои беа рецензирани од научен одбор составен од најеминентните светски научници во областа на сеизмичките аспекти на браните. Со говорна презентација беше презентиран и рефератот Seismic resistance assessment of a diverting rock-earth dam heightened with tailings dam, од авторите Љ. Петковски и С. Митовски. Воедно, подвлекуваме дека на овој научен собир му беше дадено соодветно признание на MаCOLD, со тоа што еден член од нашето Здружение за големи брани беше член на угледниот Scientific Committee of International Symposium on Dams and Earthquakes.
На крај би истакнал дека овие собири се прилика за добивање на нови сознанија, за неопходни контакти и комуникација со колеги од други истражувачки центри и, што е најбитно, за размена на искуства и споредба на резултатите од научно-истражувачките и апликативните активности. Ја ползувам оваа можност да се заблагодарам на љубезните домаќини за успешната организација на симпозиумот, како и на компаниите и институциите, традиционалните поддржувачи на манифестациите и активностите на членовите на ЗМКГБ, без чија финансиската поддршка, учеството на симпозиумот во Атина ќе беше тешко изводливо.