Со жалење ве информираме дека на 85 годишна возраст почина ценетиот колега и член на Комората архитект Александар Смилевски.
Низ својот активен проектантски живот тој оствари архитектонско творештво достојно за почит и патоказ за идните генарации. Добитник е на наградата на Асоцијација на Архитекти на Македонија (ААМ) за животно дело од областа на архитектурата „Андреја Дамјанов“ и беше член на Архитектонската Академија при ААМ.
Долги години како член на Комисијата за издавање овластување од областа на архитектурата при Комората, се грижеше за почитување на основните начела на архитектонската, а воедно и на инженерската професија.
На неговото семејство, пријателите и соработниците им изразуваме искрено сочувство за оваа голема загуба.
За творештвото на архитект Александар Смилевски можете да најдете повеќе информации на веб страницата МАРХ на следниот линк.