Во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери се одржа Првата регионална конференција на балканските совети за зелена градба „Градиме одржлива иднина“, во организација на Македонскиот совет за зелена градба.
Конференцијата обедини претставници од академската заедница, членови на комората, институциите и експерти од областа на архитектурата, урбанизмот и одржливото градење, со цел размена на знаења, искуства и добри практики во насока на унапредување на одржливиот развој во регионот.
Настанот овозможи презентација и размена на научни и стручни трудови, истражувања и актуелни искуства, како и воспоставување нови соработки и зајакнување на постојните партнерства на национално и регионално ниво.






