Со задоволство ја споделуваме веста за потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Машинскиот факултет – Скопје и Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ).
На официјалното потпишување присуствуваа Деканот на Машинскиот факултет проф.д-р Златко Петрески, Претседателот на Комората м-р Дејан Метикош и Раководителот на Одделението за машинство м-р Катица Белческа Аризанкоска, со што се потврди заемната заложба за унапредување на инженерската професија.
Ова партнерство претставува стратешки чекор кон поврзување на академската експертиза со практичното искуство, отворајќи нови можности за:
· Заеднички стручни обуки и едукација;
· Размена на знаења и иновации;
· Поголема вклученост на студентите во реалните процеси на инженеринг.






