Во Комората на овластени архитекти и овластени инженери се одржа стручно предавање насочено кон техничко-технолошките аспекти на современото болничко градежништво.
Со оглед на брзиот развој на дигитализацијата, болниците денес претставуваат најкомплексните објекти од аспект на интеграција на системи, енергетска ефикасност и специфични функционални барања.
Темата на предавањето беше насочено кон „Влијанието на новите технологии и дигитализацијата врз болничката инфраструктура на ниво на зграда, системи и простории“. Целта беше да се анализира како дигиталните технологии влијаат врз техничките нормативи и стандардите за проектирање.
Обработени беа темите поврзани со :
🔻Архитектонско планирање - Реорганизација на просторот во амбулантите, оперативните блокови и интензивната нега согласно новите технолошки текови.
🔻Инсталации и системи (МЕП) - Дигитализација на системите за вентилација, климатизација и специфични барања за радиолошка дијагностика и лаборатории.
🔻Специјализирани простории - Технички решенија за „паметни“ болнички соби и современи стерилизациски центри.
🔻Операциони сали - Интеграција на аудио-визуелни системи, роботика и заштита на чувствителната електронска опрема во хибридни сали.






