Акција за наплата на заостаната членарина согласно Законот за градење
Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија ги известува сите свои членови дека започнува акција за наплата на заостанатиот долг по основ на годишна членарина.
Согласно член 39 став 4 од Законот за градење, Комората има законска обврска да ги одземе овластувањата на членовите кои не ја платиле годишната членарина, како и да достави листа на одземените овластувања до Министерството за транспорт, заради евиденција во системот за издавање на лиценци на правни лица. Одземеното овластување значи дека членот не може да ги врши работите за кои овластувањето е издадено, а правните лица во кои се вработени членовите може да го изгубат основот за својата лиценца.
Годишната членарина изнесува 3.075 денари. Вкупниот долг се пресметува како збир на членарините за секоја започната година од датумот до кој е платена членарината, заклучно со 23 јули 2026 година.
Постапувајќи во рамките на надлежностите делегирани со Законот за градење, Комората ги повикува членовите заостанатиот долг да го подмират најдоцна до петок, 28 август 2026 година. По истекот на овој рок, Комората ќе постапи согласно член 39 став 4 од Законот за градење.
Упатство за плаќање
Уплатата се врши на следниве начини:
- Преку личниот профил на членот на https://clen.komoraoai.mk/ (упатство за регистрација и користење на апликацијата)
- Плаќање со картичка во просториите на Комората (Бул. Партизански Одреди бр.29, Т.Ц.Буњаковец, 2 кат), секој работен ден од 10 до 14 часот.
- Преку банка/електронско банкарство:
- на Уплатница ПП10 или ПП30
- Жиро сметка: 250 001 002 332 248
- Банка: Шпаркасе Банка
- Примач: Комора на овластени архитекти и овластени инженери
- Цел на дознака: Име и презиме на членот, членарина за соодветниот период
- Износ: вкупниот пресметан долг наведен во индивидуалното известување
Контакт
За сите прашања поврзани со состојбата на долгот, пресметката или начинот на плаќање, членовите може да се обратат секој работен ден од 10 до 14 часот до:
- Марија Поповска
- Телефон: 075/389-410
- Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.






