Почитувани членови на Комората,
Во прилог е информација од Комората до Владата на Република Македонија за имплементацијата на Еврокодовите во државата. Информацијата содржи предлог 4-годишна програма за работа за целосна имплементција и примена на новите технички прописи и стандарди од Европската Унија за проектирање и изведба на сите видови градежни конструкции во согласност со правилата на Европскиот комитет за стандардизација (CEN).
Во тек се разговори со претставници од Министерството за транспорт и врски и Владата на Република Македонија за оваа проблематика, и се надеваме дека за ова прашање наскоро ќе се стави точка на дневен ред на една од Владините седници.
Имплементација на Еврокодовите во Република Македонија - Информација до Влада