Асоцијацијата на архитекти на Македонија - ААМ објавува
Ј А В Е Н П О В И К
за доделување на Голема годишна награда за 2015 год.
Големата годишна награда на ААМ, согласно чл. 41 од Статутот на ААМ и Правилникот за додела на наградата, се доделува за најуспешно реализирано архитектонско дело за тековната календарската година.
Покровител на наградата е Претседателот на Република Македонија, а спонзор на наградата е Македонската авторската агенција.
Право на учество имаат сите архитекти со завршен VII степен на образование.
Заинтересираните архитекти за учество треба да достават:
- Папка А4 или А3 формат со следната содржина:
- Текстуален дел
- Пополнета Пријава
- Овластување на проектантите
- Техничко образложение
Графички прилози
- Извод од план (графички дел), ситуација (размер 1:500; 1:200), основи на приземје и катови, пресеци (размер 1:100; 1:200) и фотографии од објектот
- CD со сите материјали и прилози содржани во папката.
Папката и CD-то се доставуваат до канцеларијата на ААМ, на ул.:“Даме Груев“ 14а, Скопје, секој работен ден од 9:00 до 16:00 часот.
Папките не се враќаат на учесниците, остануваат архивирани во канцеларијата на ААМ.
Рокот за предавање е до 23.11.2015 год. до 16:00 часот.
Пристигнатите трудови ги селектира, оценува и донесува одлука за добитникот на наградта петчлено жири составено од афирмирани архитекти, членови на ААМ.
Големата годишна награда на ААМ на лауреатот му ја доделува Претседателот на Република Македонија, во Музејот на град Скопје, кон крајот на месец декември.
Напомена: Учесниците во проектот кои не се членови на ААМ за учество плаќаат котизација во износ од 3.500 денари од пријавен труд.
Лице за контакт: Оливера Блажевска, диа - технички секретар во ААМ
Телефон за информации: 3237-277, 076 350 336
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
www.aam.org.mk