Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија и Агенцијата за катастар на недвижностина на Република Македонија организираат информативни обуки за сите наши активни членови од одделениетои за Урбанистичко планирање, за новиот регистар на градежно земјиште и упатството за изработка на урбанистички планови во AutoCad.
Деталната агенда за информативните обуки е прикачена на овој емаил.
Обуките ќе се одржат во пет града низ Републиката, согласно прикачениот распоред.
Сите заинтересирани ги замолуваме да се пријават на еден од подолудадените електронски пријави, најдоцна до крајот на Среда, 18ти Ноември.
Бројот на посетители е ограничен.
Доколку постои интерес поголем од капацитетите на резервираните простории, можно е да се организираат дополнителни обуки или да има промена на локацијата, за што ќе бидете навремено известени.
Севкупните трошоци за обуките се на товар на Комората и Катастарот на Република Македонија.
Аплицирањето се врши електронски со пополнување на пријавата во градот во кој сакате да ја слушате обуката:
1) Скопје, 24 ноември 2015 год. - ПРИЈАВИ СЕ
2) Тетово, 25 ноември 2015 год. - ПРИЈАВИ СЕ
3) Струмица, 26 ноември 2015 год. - ПРИЈАВИ СЕ
4) Охрид, 30 ноември 2015 год. - ПРИЈАВИ СЕ
5) Битола, 01 декември 2015 год. - ПРИЈАВИ СЕ