Локација: Сала на Комора ОАИ
Чест и задоволство ни е да Ве поканиме да бидете дел од планираната обука за примена на Ценовник за висината на минималниот надомест на инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбата, објавен на 01.12.2022 година во Службен весник на РСМ и дополнет со Анексот кон Ценовникот, објавен на 13.02.2023 година, во Службен весник на РСМ.
Во изминатиот период од неполна година, очекувано беше да се појават прашања, дилеми и различни толкувања во начинот на кој треба да се пресметува инженерската услуга во областа виоскоградба. Токму затоа во годишната програма на КОАИ за 2023 година, планирани се обуки за примена на Ценовникот за сите инволвирани страни Договорни органи (Инвеститори - од Јавен и Приватен сектор, БЈН и сл.)
Со цел да излеземе во пресрет на сите засегнати страни, од страна на Комората на овластени архитекти и инженери се организира обука за практична примена на Ценовникот за инженерски услуги.
Обуката е наменета за Договорните органи – Јавен и приватен сектор, а со цел да даде појаснување на следните точки:
Агенда:
Пријавувањето се врши најдоцна до 25.10.2023 година.