Локација: Салата за седници - Општина Гостивар
Регионалната средба во Западениот регион е дел од планираните активности на КОАИ со цел приближување до членството и презентирање на активностите која вклучува и обука за Тарифникот за Урбанистичко планирање и Ценовник за висината на минималиот надомест на инженерски услуги на овластените архитекти и овластените инженери од областа на високоградбата.
Регионалната среба е планирано да се реализира во сабота на 2 март 2024 година, во Салата за седници на Општина Гостивар и на истата се поканети активните членови на Комората, членови кои се од Западниот регион и географски гравитираат кон Гостивар.
АГЕНДА
9.30 – 10.00 |
Пристигнување и регистрација |
10.00 – 10.15 |
Свечено отворање и обраќање на претставници од Комората и Општина Гостивар |
10.15 – 11.00 |
Обука за примена на Тарифник за вредноста на работите од урбанистичко планирање |
11.00 – 11.30 |
Дискусија за Тарифник за вредноста на работите од урбанистичко планирање |
11.30 – 12.00 |
Кафе пауза |
12.00 – 12.45 |
Обука за примена на Ценовникот за висина на минималниот надоместок на инженерските услуги во областа високоградба |
12.45 – 13.30 |
Дискусија за примена на Ценовникот за висина на минималниот надоместок на инженерските услуги во областа високоградба |
13.30 – 15.00 |
Панел дискусија на тема предизвици и актуелни случувања во областа градежништво (изработка на урбанистичко планска документација, потребни чекори и постапки за нејзино одобрување, постапка за добивање на одобрение за градење и ставање на градбите во употреба (со завршен извештај од надзор или технички преглед со комисија)) |
15.00 – 16.30 |
Пригодна закуска и неформално дружење |