Локација: Сала на Комора ОАИ
„Управување со ризикот од свлечишта во Италија: пракса и перспективи“
(Landslide risk management in Italy: practice and perspectives)
Проф. д-р Ферлиси е истакнат експерт со долгогодишно искуство во истражувања, реализација на практични проекти и учество во национални и стручни тела поврзани со управување со ризикот од свлечишта во Италија. Презентацијата ќе даде преглед на италијанските практики, законската рамка, институционалната поставеност, како и координацијата помеѓу надлежните државни и стручни институции, со цел согледувањата да придонесат во развој на соодветни решенија и во домашната практика и регулатива.